Македонски компании од прехранбената и хемиската индустрија со примената на СЕ-ознаките и стандардите во 93% се усогласени со стандардите и законодавството на ЕУ. Со овој висок процент на усогласеност тие се водечки меѓу земјите од западниот Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија. По Македонија следува Хрватска со 84% исполнување на стандардите, Србија со 77% и БиХ со 34%, а на дното на табелата е Албанија. Но, македонските компании лошо котираат во делот на законодавството што се однесува на животната средина, здравје и безбедност при работа, енергетската ефикасност, во делот на биогоривата и складирање на отпадот. Токму затоа во генералните оценки за усогласеноста со стандардите на ЕУ Македонија со 42% е по Хрватска со 82% усогласеност и Србија со 66 %.
Македонски компании од прехранбената и хемиската индустрија со примената на СЕ-ознаките и стандардите во 93% се усогласени со стандардите и законодавството на ЕУ.
Со овој висок процент на усогласеност тие се водечки меѓу земјите од западниот Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија. По Македонија следува Хрватска со 84% исполнување на стандардите, Србија со 77% и БиХ со 34%, а на дното на табелата е Албанија.
Но, македонските компании лошо котираат во делот на законодавството што се однесува на животната средина, здравје и безбедност при работа, енергетската ефикасност, во делот на биогоривата и складирање на отпадот. Токму затоа во генералните оценки за усогласеноста со стандардите на ЕУ Македонија со 42% е по Хрватска со 82% усогласеност и Србија со 66 %. Проблемот се лоцира кај малите компании до 50 вработени, коишто за оваа намена немаат доволно финансиски средства и човечки ресурси, поради што поддршката на државата во овој сектор е многу значајна.
Овие податоци се содржани во анализите на Проектот за усогласеност и енергетска ефикасност ПАЦЕ. За нивна реализација ЕУ одвои околу 480.000 евра како грант, а ги реализираа стопанските комори од регионов за да се согледа колку се подготвени компаниите за влез во ЕУ. Во истражувањето биле вклучени 300 компании од регионов, а од Македонија 30, меѓу кои извозните компании Витаминка, Европа, Охис, Ренова, Алкалоид, Тиквеш, Скопска пивара, Брилијант, Бим Свети Николе, Сковин, МИС Глобус, Визба Валандово, Битолската млекара, Леов компани.
Како што појасни Биљана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија, која како експерт била дел од истражувањето, генерално се потврдило дека има подготвеност на компаниите за учество во единствениот пазар на ЕУ, при што општиот заклучок е дека компаниите во регионот бележат напредок.
- Огромното мнозинство од 300 компании во коишто се изврши ревизија се во согласност со стандардите на ЕУ, иако 37% од нив доживеале мали тешкотии. Само 18% од компаниите тврдат дека имаат големи тешкотии во согласност со испитаните делови од легислативата на ЕУ, но во принцип, компаниите од Македонија, Хрватска и Србија покажуваат високо ниво на усогласеност со легислативата на ЕУ во областите проследени од ПАЦЕ ревизиите -појасни Пеева - Ѓуриќ.
Во областите на животната средина, здравјето и безбедноста на работното место Хрватска е понапред, додека македонските компании покажале дека во 76% од случаите имаат мали тешкотии за усогласување. По нас е новата ЕУ-кандидатка, Србија, која следи со 55% стапка на целосна усогласеност, додека 32% од српските компании имаат помали тешкотии за усогласување со законодавството на ЕУ за здравје, безбедност и животна средина.
За Љубица Нури, виш советник на УО на Стопанската комора на Македонија, во услови на криза, за да ја одржат конкурентноста, компаниите неопходно е да подготват заеднички производ кој ќе се пласира на пазарот.
- За да им се помогне на компаниите, стопанските комори на земјите од регионов подготвија електронски водич за водење бизнис со ЕУ. Нивната препорака е да се подобрат комуникациските стратегии и публицитетот на законодавството на ЕУ на национални и локални нивоа, едукација, размената на практичните решенија во одредени области, особено во легислативата за безбедност, заштита и здравје при работа и животна средина, како и поттикнување на размената на најдобрите практики меѓу ЕУ и балканските компании - посочи Нури.